Нервоза, напнатост, беше очигледно: Новак ја потврди разделбата – средба евентуално во финалето!

Двајцата најголеми ривали во тенисот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се разделија.

Новак Ѓоковиќ е на спротивната страна на ждрепката во однос на неговиот најголем ривал Рафаел Надал на годинешниот Австралијан опен.

Тоа значи дека двајцата можат да се сретнат само во финалето, што беше решено со ждрепка која сигурно го задоволи организаторот.

Ѓоковиќ, кој е четвртиот носител, турнирот ќе го започне против Шпанецот Роберто Карбаљес Баена, пренесе АП.

Новак во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот на Боливиецот Делијен и квалификантот.

На страната на Новак на ждрепката се и српските тенисери Ласло Ѓере и Филип Крајиновиќ, а меѓу попознатите имиња се петтиот носител Андреј Рубљов и домашниот играч Ник Киргиос, со кои Ѓоковиќ би можел да се сретне во четвртфиналето.

Фото: Getty Images

Австралијан опен се одржува од 16 до 29 јануари.

Титулата ја брани Рафаел Надал, но според обложувалниците, Ѓоковиќ е најголем фаворит, кој годинава брка рекордна 10-та титула на Ози опен.

Секако, целото семејство на Ноле е со него, а неговата сопруга Јелена со децата е најсилниот ветер во неговиот грб и кога има тензии и нервоза.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.