Емили Ратајковски живее во вистинска естетска бајка: Мешавина од модерна уметност и старински стил!
Погледнете
Манекенката ја покажала луксузната вила вредна милион и пол долари
Куќата на Емили Ратајковски остава без здив, а убавата манекенка на своите следбеници повремено им открива дел од својот приватен простор. Во луксузната вила во Лос Анџелес, Емили живее со сопругот Себастијан Бер-Меклауд.
Вилата вредна милион и пол долари, Емили ја уредила во духот на модерната уметност и старинскиот стил. Целиот простор е исполнет со килими, модерни слики и јаки бои.
View this post on Instagram
На нејзините фотографии често може да се види дневната соба, која ја краси голема зелена гарнитура, килими во јаки бои и голем прозорец, кој овозможува во просторијата секогаш да има многу природна светлина. Просторот е украсен со многу керамички детали, кои ѝ даваат посебен стил во дневната соба.
Трпезаријата е изработена во мермер, со поп-арт детали како што се трпезариската маса и „инстаграм“ портрет на убавата манекенка, кој го краси ѕидот на трпезаријата.
View this post on Instagram
Луксузната куќа на Емили Ратајковски има три тоалети и три спални соби во кои доминира белата боја, што манекенката исто така ги покажала на својот инстаграм-профил.
Емили една од собите ја прогласила за омилена, а станува збор за просторија што има балкон, големи прозорци и многу природна светлина. Собата ја краси масивен дрвен кревет, неколку старински столици и тежок килим.
View this post on Instagram
Емили деновите во изолација ги поминува во својот простран дом, а на фотографиите друштво најчесто ѝ прави нејзиното преслатко куче. За време на карантинот, Емили го покажала речиси секој агол од домот, а за да разбие монотонија, ги изненадила фановите и со промена на фризурата, па убавата манекенка од неодамна е русокоса.
View this post on Instagram
Вилата има и голем двор во кој манекенката ги поминува деновите шетајќи во бикини за да добие заводлив, потемнет тен.
View this post on Instagram