10 години по смртта на Мајкл Џексон, неговиот ранч е продаден: Крај за Недојдија

Озлогласеното место замина во рацете на овој милијардер

Десет години по смртта на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, славната „Недојдија“ е конечно продадена. Имотот го купил милијардерот и инвеститор Рон Букл, поранешен семеет пријател на Џексон, јавува „Ројтерс“. Ранчот е продаден за 22 милиони долари, според јавната евиденција.

Пред пет години за ранчот биле баран и 100 милиони долари, а во 2017 година 67 милиони долари. Портпаролот на Букл рекол дека неговиот клиент на инвестицијата гледа како можност за земјишно банкарство.

Милијардерот за имотот се заинтересирал во моментот кога тој не бил на продажба. Ранчот кој се простира на 1.100 хектари е напуштен од страна на Мајкл Џексон по судењето под обвинение дека таму злоупотребувал деца.

„Neverland“ (Недојдија), името го добил по приказната за Петар Пан, и бил омилено место на Џексон. Ранчот содржел зоолошка градина, железница и тематски паркови кои служеле за забава на децата кои познатиот пејач ги канел.

Едно од нив го обвинило Џексон за злоупотребување, но судот донесе ослободителна пресуда за пејачот. Џексон почина во 2009 година поради предозирање со анестетик на 50 годишна возраст.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.