Време е за коктел: Најбрзиот рецепт за Кокос Маргарита

Влегуваме во летното расположение со егзотичен коктел кој ќе биде готов за помалку од 5 минути и е идеален за пријатни вечери на тераса.

Температурата се зголемува – нашите мисли веќе патуваат на плажи, острови и волшебни дестинации. Додека се уште сте во градот, имаме совршен начин да го почувствуваме летото расположение со вкусен рецепт за коктел.

Маргарита е класичен коктел од мексиканската кујна, а главните состојки се текила, лимета и лимон. Ви предлагаме поегзотична варијанта поради која, дури и психички, ќе избегате на тропските дестинации.

Кокос Маргарита

Состојки:

  • 60 мл текила
  • 30 мл ликер Cointreau
  • 20 мл сок од лимон
  • 45 мл вода од кокос
  • 1 лажица рендан кокос
  • мраз

Ставете ги сите состојки во шејкер и добро изматете. Послужете во ниска чаша. Може да го декорирате вашиот коктел со парчиња лимон или да го премачкате работ на чашата со сол.

Уживајте во вкусен коктел!

Прочитајте и: Свеж колач од бадеми и јагоди: Без печење и готвење, готов за 15 минути!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.