Вкусно: Јадете здрава пица без грам гризење на совеста

Рецепт

Ако обожавате пица (а веројатно и нема такви што не ја сакаат), а истовремо сакате да ја зачувате витата става и да не ве гризе совеста поради „погрешните“ избори на храна, останете со нас – го имаме најдобриот здрав рецепт за пица!

Ако не консумирате брашно и млечни производи, практикувате веганска искрана или, едноставно, водите сметка за калориите, тогаш тестото за пица од сладок компир е идеален избор.

Се работи за тесто што не содржи пченично брашно, здраво е, хранливо и полно со влакна, а сепак неодоливо вкусно и крцкаво. Се прави само од две состојки и тоа многу едноставно, а можете да ја украсите со што и да сакате – кремави мачканици, песто-сос, лук, пиперки, чили, посен или обичен кашкавал, со туна, шунка, парчиња пилешко мевце…

Секако, иако тестото е здраво, може да се јаде и во „нездрави“ варијанти, а сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

2 шолји овесно брашно

2 средни слатки компири

1 лажица италијанска мешавина на зачини (по избор)

Приготвување:

Слаткиот компир ќе го избодете со виљушка, па ставете го да се пече во рерна околу 30-40 минути на 200 С.

Излупете ја кората на слаткиот компир, па изгмечете го во чинија. Додајте овесно брашно, зачини, и мешајте додека смесата се соедини.

Влажното тесто поделете го на два дела и формирајте две кори за пица со средна величина на тава обложена со хартија за печење.

Печете околу 15 пинути на 200 С. Извадете ја од рерна, додајте состојки по желба – кашкавал, печурки, туна, па вратете ја во рерна  уште 15 минути. На здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.