Овие јатки се вистинска ризница на здравјето: Спречуваат развој на малигни клетки и го забавуваат стареењето!

Тврдење на нутриционисти

Повеќето луѓе немаат поим колку е здрав индискиот орев

Оревите, лешниците и ф’стаците се богати со разни хранливи материи, но за индиските ореви велат дека се вистинска ризница на здравјето.

Нутриционистите тврдат дека една од најкорисните функции што ги има индискиот орев е тоа што го спречува размножувањето на слободни радикали, кои се виновни за брзиот развој на малигни болести и за процесите на стареење.

Богат е со витамини А, Б2 и Б1, железо, селен, палмитолеинска и олеинска киселина, со аминокиселината триптофан и уште низа други протеини и корисни минерали.

А како влијае врз нашиот организам?

Го снижува крвниот притисок

Редовната консумација на индиски ореви е поврзана со пониските вредности на крвниот притисок, според резултатите од истражувањето објавено во магазинот Current Developments in Nutrition. Вклучувањето индиски ореви во исхраната може да ги подобри вредностите на горниот и долниот крвен притисок, но и да го намали нивото на триглицериди.

Го намалува холестеролот

Ако јадете индиски ореви секој ден наместо ужина со голема количина на јаглехидрати, ќе ги намалите нивоата на холестерол во крвта. Важно е да знаете дека 60 до 100 грама од овој плод неделно (или 5 до 8 плодови на ден) се доволни за да ги извлечете придобивките од него.

Го регулира нивото на шеќер во крвта

Индискиот орев содржи незаситени масни киселини кои благотворно влијаат и врз нивото на шеќер во крвта. Придонесува и за снижување на нивоата на триглицериди и го штити организмот од понатамошни компликации поврзани со високите нивоа на шеќер и холестерол. Со секојдневно консумирање индиски ореви, значително се намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Добро познато е дека храната може да го забави стареењето на организмот и дека лицето е одраз на тоа што го јадеме. Лекарите советуваат по 50-тата година задолжително да вклучите јаткасти плодови во своето мени – освен што ја одржува кожата млада, ги нормализира проблемите со спиење кај жените во менопауза.

Колку ореви, а колку други јаткасти плодови треба да јадеме дневно: За максимални придобивки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.