Колку ореви, а колку други јаткасти плодови треба да јадеме дневно: За максимални придобивки!

Задолжително прочитајте

Јаткастите плодови се важен дел од здравата исхрана, покрај свежиот зеленчук и овошје

Ниту една храна нема да биде комплетна и урамнотежена без нив, па нутриционистите советуваат да не заборавите редовно да ги јадете – секако, освен ако не сте алергични на нив.

Па така, дури и ако сте си поставиле цел да ги симнете вишокот килограми, не треба целосно да се откажете од јатките.

Јаткастите плодови содржат голема количина на витамини, минерали и здрави масти. Помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем, го подобруваат здравјето на косата, ноктите и кожата, па дури и го покачуваат нивото на хемоглобин. Но покрај низата корисни својства, тие се исто така многу калории, па затоа мора да внимавате во колкава количина ги внесувате во исхраната.

Нутриционистите советуваат да јадете грст јаткасти плодови, односно онолку колку што ви собира во дланката. Тоа се околу 30 грама јатки дневно. Австралиското диететско здружение советува да внимавате на количината на сите видови јатки што ги јадете. Еве колку јатки се препорачува да јадете дневно за да извлечете максимум придобивки…

  • 30 бадеми
  • 10 бразилски ореви
  • 15 индиски ореви
  • 20 лешници
  • 15 макадамски ореви
  • 30 ф’стаци
  • 10 цели ореви
  • мал грст кикирики или микс од јатки
Кои се сите придобивки од вклучувањето јаткасти плодови во вашата исхрана?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

ekh ohgom hjaa