Летен маникир: Во тренд се повторно „голи“ нокти!

Тренди бои

Nude-ноктите секогаш се добар избор налето, а еве што е полуарно оваа сезона.

Во текот на топлите летни денови, повеќето од нас водат сметка за својот изглед бидејќи сакаат да се чувствуваат убаво во својата кожа, па најчесто прв избор се едноставна и природна убавина.

Како што ги негуваме нашите лице и тело и ги третираме со нежни формули, трудејќи се да употребуваме што е можно помалку производи, истото правило може да се примени и кога станува збор за ноктите, а ова лет во фокусот се неутрални, природни бои и должина на ноктите која е едноставна за одржување.

Летото е време кога често се одмораме на плажа, а со самото тоа повеќе време поминуваме и во вода, што може да се одрази и врз нашите нокти, односно врз трајноста на лакот на ноктите, па во текот на летото мораме да се потрудиме малку повеќе да ги негуваме нашите раце.

Ноктите со нежна боја се претопуват со секој аутфит, а и ја истакнуваат убавината на вашата рака, па во текот на летото одберете светлорозеви нијанси, кои совршено се вклопуваат во секоја прилика. Освен тоа, во текот на летото нежните бои на лакот дополнително ќе го нагласи потемниот тен.

Nude нокти за лето 2022

Нежно розови

Розовите нијанси, особено кафените, се идеална комбинација за лето. Одат со се’, а на најнежен начин ја нагласуваат убавината на раката.

Baby boomer nude нокти

Неутрално, а впечатливо, така би го опишале овој изглед. Со додавање на ненападен кристал се добива совршен летен погодок.

Кафени

Млечните и кафени бои, исто така, се популарни оваа летна сезона, а причината за тоа е што прекрасно прилегаат на потемниот тен.

Барби

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nail Lust (@nailust.paris)

Nude бојата и тоа како може да се претопи, а се зависи од личните избори. Оваа сезона се популарни Барби-нокти.

Nude нокти и необични комбинации

Изберете омилена nude нијанса, па комбинирајте ја со омбре или мермерен ефект. Резултатот сигурно ќе ве воодушеви!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.