Бизарно или пожелно: Дали сте слушнале за желе-кожа? Станува збор за нов тренд на ТикТок!

Совети за млад изглед

Оваа најнова Тик Ток опсесија има за цел да добиеме свеж, хидриран и блескав изглед на кожата, токму каков што е случајот со хитот наречен „желе“.

Иако трендот не помина без контроверзии, ова е прв вирален момент кој се фокусира на тоа како се чувствува кожата, а не како изгледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MUTHA™ (@mutha)

Како да се постигне популарната „желе-кожа“

Неколку клучни фактори за овој изглед се колагенот, еластинот и водата. Овие состојки ја прават кожата млада. Иако, по 30-та година, кожата природно почнува да губи еластин и потребна ѝ е дополнителна помош како би останала здрава, затегната и млада.

Покрај колагенот и еластинот, во тоа може многу да ни помогнат производи на база на витамин Ц, како и хијалуронска киселина.

@glowwithava JELLO SKIN 💙 we want that bounce back people! #jelloskin #collagen #beautytipswithava #bouncy ♬ original sound – AVA

Сепак, не земајте производи на своја рака, туку посоветувајте се со дерматолог!

Значи, поентата на овој тренд е да ја одржиме кожата здрава на што поприроден начин. Покрај правилната нега (чистење, користење хидратантни креми богати со колаген и еластин), советот е да пиете и доволно вода во текот на денот, да спиете на грб, како би избегнале појава на нови бори кои знаат да се направат додека кожата ви е насобрана при спиење.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.