РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Ненадминливи и незаборавни ПОСНИ САРМИ

Прсти да излижеш!

Посните сарми се вистински предизвик бидејќи треба да го надминеме вкусот на оние што ги приготвуваме со мелено месо. Вкусот на овие сарми ќе ве освои засекогаш, па нема да ги јадете само во деновите кога се пости.

Состојки:

2 главици кисела зелка
300 г ориз
4 поголеми моркови
3 главици кромид
4 чешниња лук
300 г  ореви
мелена пиперка по вкус
2 лаврови листа
сол по вкус
бибер по вкус
100 мл масло

Приготвување:
Добро измијте ја зелката, одвојте ги листовите и отстранете го од секој коренестото здебелување.

Во масло, пропржете ги кромидот и морковот, додајте го измиениот ориз, па пржете кратко и зачинете по вкус.

На крај додајте ги крупно мелените или сечкани ореви и кратко пропржете.

Оставете го филот да се излади, па нанесете го врз листовите зелка и свиткајте ги обликувајќи сармички.

Наредете ги во тенџере подмачкано со масло и обложено со листови зелка. Додајте лаврови листови, зачини по вкус, покријте ги со листови зелка и оставете ги да се динстаат на тивок оган околу 3-4 часа. Доколку е потребно, додајте вода кога ќе изврие. Сварената сарма, по желба, можете да ја потпечете во рерна.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.