Вртена пита од спанаќ и сирење: Вкусна вечера на која секогаш ќе и’ се враќате!

Совршен оброк

Ви предлагаме фантастичен рецепт за пита од која ќе се најаде целото семејството

Состојки за тестото:
  • 500 г брашно
  • 300 мл топла вода
  • сол
Состојки за полнење:
  • 500 г сирење
  • 300 г спанаќ (измиен и исечкан)
  • 2 лажици кисела павлака
Дополнително:
  • брашно за наросување
  • масло
  • 5-6 лажици млеко
Приготвување на тестото:
  • Ако е возможно, одлично би било да го просеете брашното, бидејќи тогаш тестото станува потенко и полесно се расукува.
  • Во брашното додајте 1/3 лажичка сол, а потоа додајте топла вода. Постои разлика кога користите ладна или топла вода. Ако додадете ладна вода, ќе морате подолго да почекате да стаса тестото (околу 1,5 до 2 часа), но тестото полесно ќе се расукува. Ако користите топла вода, тогаш тестото ќе биде спремно за употреба за речиси половина час.
  • Месете го тестото неколку минути за добро да се спојат состојките и да престане да се лепи за садот.
  • По потреба додајте уште брашно, ако тестото е премногу лепливо.
  • Префрлете го тестото на работна површина и формирајте го во топка.
  • Оставете го да отстои на чинија премачкана со масло најмалку половина час – внимавајте врвот на тестото исто така да го премачкате со масло за да не се пресуши.
  • По половина час, на работната површина постелете крпа или чаршав со кои ќе ја покриете во целост и наросете ја со малку брашно. Исто така, ставете брашно на рацете и тестото.
  • Со помош на сукало, расукајте го тестото што е можно потенко. Загрејте малку масло и во мали количини прелејте го врз тестото, а со раце рамномерно распоредете го.
  • Вовлекувајте ги рацете под тестото и внимателно извлекувајте ги, со дланките свртени нагоре, така што ќе го допирате тестото само со врвовите на прстите.
  • Повторувајте го тоа по целото тесто додека го расукате во секоја насока.
Приготвување на полнежот и печење:
  • За филот, додајте измиен и исечкан спанаќ заедно со сирење, кисела павлака и малку сол.
  • Филот распоредете го низ тестото и завиткајте го со помош на крпа.
  • Сад за печење премачкајте со масло (може да користите и свинска маст или путер) и префрлете ја питата правејќи спирален облик, почнувајќи од средината на садот.
  • Печете ја питата во загреана рерна на 200 степени Целзиусови 30 минути.
  • Пет минути пред крајот, извадете ја питата и премачкајте ја со млеко (506 лажици) за кората да не стане премногу крцкава.
  • Кога питата ќе биде готова, оставете ја да одмори десетина минути, доволно за врелото сирење да се олади.

Не успевате да најдете квасец по продавници? Направете си сами со овие 4 рецепта за домашен квасец за тесто што расте како лудо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.