ФБИ агент открива: Вака ќе го прочитате секој човек за 5 минути!

Вреди да се знае

Внимателно набљудувајте ги мимиките на соговорникот и научете да ги препознавате сигналите

Истражувањата велат дека во рок од 5 минути запознавање можеме да стекнеме впечаток за лицето спроти нас. За тоа се потребни одредени вештини, а поранешен ФБИ агент ги споделил со јавноста.

Околу 55% од личните податоци се откриваат преку говорот на телото, затоа внимателно набљудувајте ги невербалните сигнали што ви ги испраќа личноста.

Некои луѓе имаат изразена гестикулација при разговорот, додека други се мирни. Еве како да ги разберете на вистински начин.

Лара Кја, која 23 години работела како ФБИ агент вели:

„Секогаш постојат сигнали што ги издаваат намерите на луѓето, само треба правилно да ги толкувате.“

Обрнете внимание на ова и ќе знаете што ви мисли соговорникот:

Рацете кријат многу информации

Мозокот е многу посилно поврзан со рацете одошто со другите делови од телото. Тие се користат за да се искажат емоциите, мислите, чувствата. Еве како се толкуваат движењата на рацете:

  • Склопување на рацете (во положба како за молитва) покажува цврсто верување на човекот во она што го говори.
  • Стиснати тупаници укажуваат на стрес или анксиозност.
  • Тропкање со еден прст на некој предмет е знак на самодоверба и несвесен начин на ослободување од стресот.
Положба на нозете

Луѓето имаат тенденција потсвесно да ги поместуваат нозете ако некој или нешто ги извади од удобната зона.

„Еднаш ми се случи да имам работа со човек кој мислев дека е поврзан со шпион во друга земја. На почеток, неговите одговори беа јасни, а телото опуштено. Но штом начнав пожешки теми, малку ги свитка нозете и телото. Тоа не значи дека лаже, туку јасно укажува дека личноста е нервозна.“

Еве што открива положбата на нозете:

  • Поместувањето на нозете во седечка положба укажува дека личноста не е мирна или дека е загрижена поради она што го говори соговорникот. Тоа покажува дека и’ се поставени непријатни прашања.
  • Вкрстените стапала е исто како и стискањето на усните и е јасен знак на воздржување од негативни емоции или борба против неизвесност и страв.
  • Малиот исчекор е знак дека личноста сака што побрзо да го заврши разговор и да ја напушти просторијата.
Обрнете внимание на експресијата на лицето

Микро-изразите можат многу да кажат за човекот, но можат да донесат и погрешни заклучоци.

„Никогаш не сум се потпирала премногу на изразот на лицето, затоа подобро е да се фокусирате на овие гестови.“

  • Кај децата, неискреноста се искажува со покривање на устата со рака. Кај возрасните, раката го допира носот, што исто така може да укажува на внимателност при изборот на зборови.
  • Подигнување на веѓите укажува на возбудлив состанок или присуство на позитивни емоции што не може да се контролираат.
  • Климањето со главата е знак дека на соговорникот му е пријатно во ваше друштво.
  • Триењето на рацете, допирањето на лицето и вкрстувањето на рацете, ако се поединечни, овие гестови не значат ништо, но во комбинација, јасно укажуваат на измама.

А дали знаете дека и времето на раѓање го одредува карактерот на личноста?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.