Трик на домаќинки за брзо приготвување зимница: Еве како само со еден потег да ги излупите печените пиперки!

Одлично!

На овој начин нема да имате потешкотии додека ги лупите печените пиперки

Есента е период кога домаќинките приготвуваат зимница за претстојната зима, а ајварот, секако, е еден од неизоставните зимски специјалитети.

Постапката за приготвување ајвар подразбира печење пиперки и нивно лупење. Но токму лупењето пиперки задава големи маки.

Постојат одлични трикови што можат да ви го олеснат тој процес. Тајната е во тоа штом ги извадите печените пиперки од рерна да ги покриете со крпа, пластична фолија или со хартиена салвета.

  • Потоа, оставете ги да отстојат така околу 15 минути, ако е поголема количината може и до половина час.

Покривањето на пиперките создава парења и вишок течност, а токму тоа помага полесно да се излупи лушпата.

Постои и одличен трик ако сакате да ја задржите силната арома на чад:

  • Излупете ги во сад со вода, а потоа истата течност искористете ја за приготвување на јадењето.
Ајвар од печени пиперки без конзерванси: Ова е најдобриот рецепт за познатиот македонски специјалитет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.