Тајната состојка за највкусната салата од краставици!

Го подигнува вкусот на повисоко ниво

За успешноста на салатата и нејзиниот освежувачки вкус, заслужен е овој производ

Свежите краставици се послужуваат како освежувачки и крцкав елемент во разни јадења, а особено во оние добро зачинетите. Одлично одат и со сосови на база на јогурт, а одлични намирници се и за салата што можете да ја послужите со само малку сол и бибер.

Но ако сакате да го унапредите вкусот на свежите краставици, маринирајте ги со екстракт од лимон. Станува збор за состојка што почесто се користи во приготвувањето колачи и торти, но има силен цитрусен вкус што одлично оди со краставици.

Имајте на ум дека екстрактот од лимон можете да го замените со свежо цеден сок од ова цитрусно овошје, но дека нема да ги добиете ни приближно истите резултати. Успешноста на салатата и нејзиниот одличен освежувачки вкус се должи токму на употребата на екстракт од лимон.

Состојки:
  • 3 големи краставици
  • 150 мл оцет
  • 6 лажици бел шеќер
  • 1 чајно лажиче екстракт од лимон
  • сол и бибер по желба
Приготвување:

1. Добро измијте ги краставиците и исечкајте ги на помали парчиња. Ако сакате, можете да ја излупите кората на краставиците пред да ги исечкате на помали парчиња.

2. Во посебен сад измешајте оцет, шеќер, екстракт од лимон, сол и бибер.

3. Течноста прелејте ја врз краставиците. Поклопете ги и ставете ги во фрижидер да се соединат вкусовите барем два часа, а идеално би било прекуноќ.

4. Салатата послужете ја оладена, со јадење по желба.

Добар апетит!

Вкусна, здрава и без калории: Салата од киноа со домат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.