Солени крекери што ќе ви останат тазе цели 7 дена: Одлични се со јогурт како појадок за на работа!

Одлична идеја!

Овие солени крекери се вистински избор за лесна вечера или појадок

Состојки:
  • 300 г свинска маст или путер, маргарин
  • 2 јајца
  • 1,5 до 2 лажички сол
  • 2 дл бело вино
  • 1 прашок за печиво
  • 500 г сирење
  • 300 г крупно мелени кикирики, печени или бланширани
  • 700 до 750 г брашно
  • семиња сусам, ким, по свој вкус

За премачкување:

  • 1 јајце
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1/2 лажиче бибер
Приготвување:

Во чинија ставете маст, јајца, сол, бело вино, прашок за печиво, па сето тоа убаво изматете го. Додајте здробено сирење, зачини и кикирики. Сето тоа измешајте го и оставете го во фрижидер еден час. Потоа, расучете тенко тесто, па пресечете облици со калап. Секое формирано парче премачкајте го со мешавина од јајца, црвен пипер и бибер и посипете го со семиња.

Печете ги крекерите во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути.

Има вкус на пица но не е пица: Готов оброк за само неколку минути! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.