Солен ролат од палачинки

Лесно и вкусно!

Љубителите на палачинки дефинитивно ќе уживаат во кремавиот и богат вкус на овој солен ролат. Еве како да го приготвите:

Состојки:

За палачинките:

  • 2 јајца
  • 200 г брашно
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 50 мл млеко
  • 250 мл вода
  • прстофат сол
  • масло

За филот:

  • 250 г крем-сирење
  • 250 г шунка
  • 250 г овчо сирење
  • 100 мл кечап
  • оригано

Приготвување:

  1. За приготвување на смесата за палачинките – се матат јајцата со млеко и со 250 мл вода, се додаваат брашното, шеќерот и солта, па добро се мати со жица за матење. Ако е смесата премногу густа, се долева уште малку вода за да не бидат дебели палачинките.
  2. Во тавче се загрева масло, па со лажица се разлева во него од смесата за палачинки (секојпат пред разлевањето смесата се промешува) и се пече од двете страни, додека порумени. На истиот начин се печат шест палачинки.
  3. На работната масичка се става поголемо парче фолија, па преку неа се распоредуваат палачинките една до друга, така што на краевите ќе се преклопуваат.
  4. Подлогата од палачинки се премачкува со крем-сирење и се израмнува со шпакла. Се посипуваат изренданата шунка, овчото сирење и ориганото, па се попрскува со малку кечап.
  5. Ролатот цврсто се мота и се витка во фолијата, па се остава во фрижидер да се стегне. Утредента се сече на парчиња и се послужува.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.