Сендвич-печиво со нишесте

Вкусни солени залачиња

Пригответе го овој вкусен домашен деликатес следејќи го проверениот рецепт на нашите баби.

Состојки: 500 г меко брашно, 120 г нишесте, 1 белка, 150 мл масло, 200 мл млеко, 20 г прашок за печиво, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 1 јајце, лен

За фил: неколку листа марула, 300 г сирење, 300 г колбас, 2 црвени пиперки

Приготвување:

1 Помешајте малку брашно, сол, млеко и прашок за печиво. Во друг сад соединете половина од брашното со нишесте и со малку сол. Направете вдлабување во средината, па во него ставете разматена белка, прашок за печиво и масло и промешајте. Постепено додавајте го остатокот од брашното и месете со рака додека добиете мазно тесто. Оставете го да одмори.

2 Со сукало, истенчете го тестото до дебелина од 5 мм. Со поголема чаша вадете кругови од тестото, а со помала чаша издлабете ги во средина.

3 Префрлете ги круговите во плех за печење и оставете ги 10 минути да мируваат. Премачкајте ги со матено јајце и наросете ги со лен. Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека заруменат.

4 Оставете ги да се изладат, па пресечете ги на половина. Внатрешноста премачкајте им ја со сирење и наполнете ги со салата, колбас и пиперка.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.