Дневен хороскоп за СРЕДА (17 март 2021)

Прочитајте каков ден ве очекува!

Некој ќе напредува во работата, а некој во љубовта. Каков ден ве очекува, ви открива астрологот на „Убавина и здравје“…

Овен

Ве очекуваат нови деловни подвизи, но и можност да напредувате. На полето на емоциите, април ќе го обележат нови почетоци, што ќе предизвика насмевка на лицето на сите слободни припадници на овој знак. Оние во врски ќе доживеат ренесанса. Контролирајте го притисокот.

Бик

Вашиот нов начин на размислување и односот кон работата ќе ги изненадат соработниците. Партнерот ќе падне во минлива криза, па покажете разбирање. На слободните им се смешка интересно познанство. Болки во грбот.

Близнаци

Упорно ќе барате соодветна личност со која ќе можете да ги реализирате своите деловни идеи. Во емотивните врски ќе кулминираат караниците, а слободните ќе му се најдат на нишан на упорен додворувач. Можни е нервоза.

Рак

Новата деловна ситуација ќе бара поголем ангажман од вас, но и тимски дух. По конфликтите, емотивните врски ќе запловат во мирни води. Слободните би можеле да обноват врска од минатото. Одлична кондиција.

Лав

Пред вас е успешен деловен период, кој ќе се одрази и врз вашата самодоверба, но и врз домашниот буџет. Емотивните врски ќе бидат хармонични, а слободните ќе запловат во страсна авантура. Внимавајте на притисокот.

Девица

Ќе бидете во дилема дали да ја прифатите новата деловна понуда. Послушајте совет од поискусен колега. Кризата во врските ќе ескалира кон крај на денот. Слободните се на прагот на перспективна врска. Алергии.

Терезија

Пред вас е профитабилен период, во текот на кој ќе го дадете максимумот. Партнерот и вие ќе имате спротивставени ставови за многу нешта. Слободните ќе му бидат цел на упорен додворувач. Настинка.

Скорпија

Новите деловни проекти и приливот на пари ќе ви донесат насмевка на лицето. Емотивните врски ќе бидат хармонични, проткаени со страст и со разбирање. На слободните им претстои кратка романса.  Алергии.

Стрелец

Пред вас е бурен ден на работа, кој бара поголем ангажман. Партнерот нема да има разбирање за вашето отсуство од дома. Слободните ќе размислуваат за старата љубов. Одлично здравје.

Јарец

Ќе бидете сомничави кон новите деловни понуди, па можно е да пропуштите одлични шанси. Партнерот ќе ве посипува со внимание, што ќе го зацврсти вашиот однос. Слободните ќе запознаат интригантна личност. Нервоза.

Водолија

Натрупаните проекти и брзото работно темпо ќе предизвикаат нервоза. Заеднички поминато време е одлична шанса да ја разбудите заспаната романтика. Слободните ќе бидат расположени за дружење. Забоболка.

Риби

Наоѓањето нови деловни соработници ќе биде вистинскиот потег. Свежите идеи ќе ви го поттикнат работниот елан. Љубомората може да ги наруши врските. Слободните се на прагот на ова љубов. Контролирајте ја крвната слика.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.