Сестрата на Јелена Ѓоковиќ е вистинска убавица: Ретко кој ја знае бидејќи не сака да се експонира!
Успешна е и среќно омажена
Сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, Јелена, е една од најпознатите дами на Балканот, а вака изгледа нејзината помала сестра!
Секако, причината за популарноста и големиот интерес за Јелена, како и за целото семејство Ѓоковиќ, е вртоглавиот успех на нејзиниот сопруг, најдобриот тенисер на светот.
Меѓутоа, малкумина се оние што знаат нешто повеќе за Јелена Ѓоковиќ, кога станува збор за личните работи, односно тоа дека има помлада сестра која многу личи на неа, изгледа феноменално и се занимава со многу креативна и инспиративна работа – и тоа доста успешно!
View this post on Instagram
Марија Ристиќ, помладата сестра на сопругата на Новак Ѓоковиќ, привлекла внимание кога го следела натпреварот US Open од ложата. Сите се прашувале која е убавата бринета, а одговорот пристигна со експресна брзина.
Интересно е и занимањето на Марија. Еден период била дел од фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, но потоа одлучила да му се посвети на својот блог кој обработува теми за мотивација, различности, мода…
View this post on Instagram
Освен тоа, се занимава и со фотографија, а своите дела ги објавува на социјалните мрежи и на блогот.
View this post on Instagram
Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Марија веќе неколку години ужива во среќниот брак со сопругот Будимир.
View this post on Instagram