Лесна пилешка чорба со јогурт

Здрав и хранлив оброк

Фото: Stvarukusa.rs

Доколку сакате лесен и здрав ручек, кој дефинитивно нема да ви го оптовари системот за варење на храната, а притоа ќе ве снабди со потребните хранливи состојки, пробајте ја оваа вкусна пилешка чорба.

Состојки:

1 литар пилешка супа
2 лажици ориз
1,5 дл јогурт
1 жолчка
30 г брашно
50 г путер
малку нане
сол и бибер

Приготвување:

1. Ставете ја пилешката супа да се вари.

2. Додадете го исчистениот ориз и оставете нека се вари петнаесетина минути. Посолете и зачинете по желба.

3. Во мала чинија измешајте ги јогуртот, жолчката и брашното. Потоа сипете во супата во тенок млаз и постојано мешајте, да не се направат грутки. Варете уште 5 минути а потоа тргнете од оган и ставете путер. Ставете неколку листови нане и послужете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.