Крцкаво и вкусно задоволство: Безглутенски тортилја-чипс

Од кујната на Давор Панчевски

Послужете ги гостите со интересно предјадење

Јадењата на Давор Панчевски секогаш нѐ оставаат без зборови, а повеќе негови рецепти можете да најдете на инстаграм-профилот @daveskitchenofficial или во неговиот најнов готвач „Dave’s kitchen: Најдоброто од македонската кујна“. За почеток, пробајте го неговиот безглутенски тортилја-чипс!

Состојки:
  • 150 г рендан кашкавал
  • 100 г мелени бадеми
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 јајце, на собна температура
  • 2 лажици растопен путер
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 лажиче црвен пипер
Приготвување:

1. Во длабок сад измешајте ги заедно сите состојки.

2. Распределете ја смесата во тркалезно тавче.

3. Печете ја околу 15 минути на 200 степени.

Уживајте во ова крцкаво задоволство!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.