Сека Алексиќ ги воодушеви своите обожаватели со трудничката става (ФОТО)
Повеќето од нив се согласија дека секоја година треба да раѓа по едно бебе
Сека Алексиќ ужива во својата долгопосакувана бременост, а често и објавува фотографии на својот инстаграм-профил, преку кои нејзините обожаватели можат да ја видат нејзината трансформација.
По раѓањето на својот син Јаков (3), Сека неколку пати јавно апелираше до сите жени да не го одложуваат мајчинството, потенцирајќи дека за успешноста на инвитро-постапката пресудна е возраста на мајката.
Сека не крие дека и втората бременост и’ е овозможена токму благодарение на вештачкото оплодување, а додека го очекува пристигнувањето на своето второ дете, за кое изјави дека е повторно син, пејачката се фотографира во смели модни комбинации кои се несвојствени за жените во блажена состојба. Сепак, на нејзините следбеници Сека им се допаѓа и во кратките и тесни фустанчиња, па така еден обожавател јасно и’ порача:
Толку добро ти прилега бременоста што би требало секоја година да раѓаш по едно бебе.“