Крем супа од пашканат: Омиленото толо јадење во семејството Ражнатовиќ! Лесно се прави, Цеца откри рецепт (фото)

Мерак на душата...

Наздравје!

Зимата е идеален период за собирање на семејството на чести заеднички ручеци. Оваа крем сума од пашканат важи за една од омилените зимски чорби во семејството Ражнатовиќ, во една прилика откри Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тврди дека сите ја обожаваат, но и дека многу лесно се подготвува. Ова се нејзините мерки за четири порции:

Состојки:

2 супени лажици маслиново масло
половина страг праз
2 чешниња лук
500 гр пашканат
1 литар вода
сол, бибер

Подготовка:

Исечете го празот на ситно, а лукот испасирајте го или изгмечете го. Излупете го пашканатот и исечете го на тенки кришки, бидејќи е тврд на тој начин полесно ќе омекне.

На загреано маслиново масло продинстајте го празот, додадете лук и пашканат.

Мешајте минута или две и прелејте со водата. Додадете сол и бибер.

Гответе на средна топлина во покриено тенџере околу 25 минути, вкусете дали зеленчукот омекнал.

Со миксер се пасира супата додека не се изедначи. Ако ви изгледа премногу густо, додадете повеќе вода.

Јадете додека е топло.

Фото:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.