15 милиони прегледи: Луѓето не можат да се договорат дали коњот оди напред или назад (видео)

Неверојатен момент...

Кои се во право?

На ТикТок осамна оптичка илузија која ги натера луѓето да се расправаат на Интернет.

Имено, сопственикот на коњот по име Рудник објавил снимка од него како шета по снегот, а потоа забележал нешто необично. Поради контрастот на неговото темно тело и светлиот снег, речиси е невозможно да се препознае дали коњот се движи напред или назад.

Видеото за само четири дена од објавувањето достигна речиси 15 милиони прегледи и 2 милиони лајкови, а тиктокерите започнаа жестока дебата и се чини дека никој не е сигурен на која страна се движи коњот.

@rudniktheroanThere were a couple of times I genuinely didn’t know…

♬ Eurythmics-Sweet Dreams – AJIMUSTANG

„Мислев дека сум сигурна, но веќе не знам“, „Ми изгледаше како да се движи напред, па малку назад“, „Ова ме збунува“, се само дел од коментарите.

На крајот сопственикот открил дека коњот се движи наназад.

Фото и видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.