Како да направите совршен хумус за само неколку минути?

Вкусно и здраво

Хумусот може да се јаде како намаз или како сос, а тоа е ориентално јадење засновано на леблебија, кое се здоби со исклучителна популарност во целиот свет заради неговите здрави својства.

Хумусот е богат извор на протеини и содржи големи количини на фосфор, магнезиум и растителни влакна. Тоа е совршена комбинација на вкусна и здрава храна.

Предноста е во тоа што можете да направите хумус сами дома и да го зачините точно како што сакате.

Состојки:

  1. 1 шолја зготвена леблебија
  2. 4 – 5 чешниња лук
  3. сол
  4. 8 лажици маслиново масло
  5. 3 лажици сок од лимон
  6. 4 лажици семе од сусам или тахини

Ставете ги зготвените и разладени леблебии во сад. Измешајте ги маслиновото масло и семето од сусам заедно во паста за да добиете тахини или искористете купено. Но, хумусот може да се направи без оваа состојка, па ако не сте обожавател на семе од сусам, само прескокнете го овој дел.

Мелете ги леблебиите со лук, сок од лимон и маслиново масло (најмалку 5-6 лажици) во мазна паста.

Конечно, префрлете сѐ во сад, каде што ќе го послужите хумусот, додадете сок од лимон и малку црвена пиперка.

Предлог за десерт: Мафини со боровинки од три состојки: Немаат ни ронка брашно, а вкусот е совршен!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.