Брод со зеленчук: Суперздрав појадок

Вкусен и здрав оброк кој вреди да го пробате!

Состојки:
ЗА ТЕСТО:
1 кесичка прашок за печиво
200 мл топла вода
100 мл јогурт
50 мл масло
1 лажиче сол
500 г брашно
ЗА ФИЛ:
500 г мелено месо
сол по вкус
бибер по вкус
соја-сос по вкус
кечап по вкус
1 пиперка
1 врска млад кромид
1 праз
магдонос по вкус
1 јајце

Приготвување:
Замесете тесто од наведените состојки, а по потреба слободно додајте уште брашно. Оставете го да отстои десетина минути, поделете го на јуфки и развлечете го.

Испржете го меленото месо и зачинете со малку сол и бибер, додајте две лажици соја-сос и три лажици кечап.

Во меѓувреме, исечкајте го зеленчукот. Кога месото е готово, тргнете го од оган, додајте го зеленчукот и промешајте.

Наполнете го тестото со месо. Обликувајте го чамецот и премачкајте го со јајце. Остатокот од јајцето истурете го во месото за да се соедини со зеленчукот.

Се пече во загреана рерна околу 20 минути на 180-200 степени.

Povrtni čamčić: Super zdrav doručak

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.