Витаминска салата: Ручек што може да го понесете со себе каде и да одите

Подготвени сте за нови вкусови и комбинации?

Оваа салата е полна со витамини, ќе ве освежи и ќе ви даде енергија

Здравиот начин на живот нека стане вашиот приоритет, а оваа витаминска салата ќе ви помогне во тоа. Ви ветуваме дека ќе се вљубите во ваквата исхрана!

Потребни состојки:
  • 1 шолја сечкана тиква
  • 6-7 листови зелена салата
  • ½ шолја исчистена калинка
  • 1 лажица сечкани сирови бадеми
  • 1 лажичка чија семки
  • 1 лажичка сенф
  • 1-2 лажички сок од лимон
  • 1 лажичка мед
  • прстофат сол
Приготвување:

Испржете ги коцките тиква на тавче. Доколку е тефлонско, нема да ви треба масло. Ќе бидат брзо готови, ако ги исечете тенко. Друга опција е парчињата да ги испечете во рерна.

Додека се пече тиквата, подгответе го сосот така што ќе измешате сенф, мед, сок од лимон и прстофат сол. Потоа исечкајте зелена салата на ленти, додајте ги изладените коцки тиква и калинката.

На крај, прелијте ја салатата со сос и наросете ја со семки и бадеми. Овој оброк може да си го понесете на работа, факултет, каде и да одите!

Покрај овие состојки, може да додадете и безмасно сирење, парчиња туна, сирови семки од сончоглед или ореви. Добра опција е овој оброк да го спакувате во тегла. Најпрво, ставете го сосот, па озгора остатокот од состојките на салатата, во слоеви. Непосредно пред да ја комбинирате, само превртете ја теглата и сосот убаво ќе се измеша. Уживајте во моментот и во оброкот што сте го приготвиле за десетина минути!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.