Вака се приготвува најсовршената велигденска сарма: Тајната е во оваа состојка!

Незаборавен вкус

Прочитајте кои чекори треба да ги следите при приготвувањето на омиленото традиционално јадење

Сармата е македонско традиционално јадење што е задолжително на празничната трпеза.

Состојки:
  • 700 г свинско мелено месо (од плешка)
  • 1 главица кисела зелка
  • 100 г сланина
  • 100 г ориз
  • половина главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче црвен пипер во прав
  • 1 лавров лист
  • сол
Приготвување:
  • Во смесата за сарма секогаш додавајте малку суво месо, така сармата ќе добие подобар вкус, но сепак треба да внимавате за да не добие претежок вкус поради сувото месо.
  • Пред да го ставите сувото месо во сармата, задолжително проварете го.
  • Многу е важно да ја измиете киселата зелка пред готвењето за да не биде сармата претешка за јадење.
  • Кога ќе приготвите сѐ и ќе го продинстате кромидот, измешајте ги сите состојки.
  • Тогаш можете да почнете со виткањето сарми. Земете дел од смесата, обликувајте го и ставете го во лист зелка.
  • Месото нежно завиткајте го во зелката и на крајот, превиткајте ги рабовите за да остане смесата внатре во листот за време на готвењето.
  • На дното на лонецот, пред да ја редите сармата, ставете кожа од сланина. Така ќе спречите да ви загори сармата.
  • По кожата од сланина, исечкајте зелка на која ќе ја редите сармата.
  • Кога ќе ја искористите целата смеса и ќе го наполните лонецот со сарми, на врвот ставете го остатокот од сечканата зелка.
  • Сега можете да ги ставите сармите да се печат околу час и половина.
  • На крајот, можете да ја запржите сармата со малку брашно и црвен пипер или со полесната варијанта со доматно пире.
Малку поинаква верзија на сарма: Ролат од кисела зелка и мелено месо што ќе го обожавате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.