Телешки шницли во вкусен сос: Меки и сочни за сечиј вкус!

Најдобро одат со варен компир

Сите ги обожаваат телешките шницли приготвени на ваков начин

Состојки:
  • 8 шницли
  • 60 г путер
  • 1 дл бело вино
  • 1 дл кисела павлака
  • 4 лимона
  • 1 врзоп магдонос
  • сол
  • свежо мелен бибер
Приготвување:

Исчукајте ги шницлите со чекан за месо, посолете ги и забиберите ги, извалајте ги во брашно и испржете ги на путер. Потоа, додајте им малку вода и оставете ги да крчкаат додека испари водата. Повторете ја постапката 3 пати.

Потоа, пригответе сос од лимон. Во преостанатите маснотии од пржењето додајте бело вино и загревајте неколку минути, додајте павлака и сок од 2 лимона. Можете да додадете малку брашно, посолете, забиберите и на крајот, додајте ситно сечкан магдонос.

Испржените шницли украсете ги со исечкани резанки лимон, прелејте ги со лимонов сок и послужете ги со варен компир.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.