Пилешки џигерчиња во зеленчук: Велат дека се неверојатно здрави, а сигурно не сте ги пробале на ваков начин!

Превкусен оброк

Задолжително пробајте го рецептот за пилешки џигерчиња во зеленчук – јадењето е многу вкусно, а може да го јадете без грижа на совест

Обично сите ги приготвуваме џигерчињата по старински рецепт: ги динстаме на кромид. Но зошто да не го смените малку рецептот и да го испробате овој? Ќе ве воодушеви!

Состојки:
  • 400 г пилешки џигерчиња
  • 2 поголеми кромида
  • 2 зелени пиперки
  • 1 помал модар патлиџан
  • 2 компира
  • 2 моркова
  • малку грашок и боранија
  • 1 свеж домат
  • сол, бибер, мешан зачин, масло
  • 1 лажиче брашно
  • црвен пипер
Приготвување:

1. На масло пропржете ги сечканите кромид и пиперка, додајте ги џигерчињата и кога сето тоа малку ќе се издинста, додајте го преостанатиот зеленчук и лавров лист, по желба. Долејте малку вода и динстајте 20 минути.

2. Додајте мешан зачин, лажиче брашно разматено во малку вода, црвен пипер, бибер и динстајте уште малку, па ставете го во рерна на 250 степени околу 15 минути да се потпече. Послужете го јадењето топло.

Брз летен оброк од тиквички што досега не сте го пробале: Се прави од 5 состојки, а вкусот воодушевува!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.