ДАВИД МУКА: „Мојот најголем страв се луѓето што викаат ‘ВИКАЈ УРА’“

У&З прашалник

Дознајте како Давид Мука ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше музичарот и актер Давид Мука (@davidmukka_).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAVID MUKKA (@davidmukka_)


1. Најголемиот тренд моментално е… да бидеш оригинален.

2. Најмногу им се восхитувам на… луѓето кои веруваат во своите избори и во својата интуиција.

3. Се издвојувам од другите зашто… имам привилегија да истражувам и отсликувам различни личности низ мојата актерска кариера.

4. Убавина е… да се нема потреба од внимание.

5. Се грижам за моето здравје така што… психофизички и духовно се грижам за себе.

6. Мојот животен стил би го опишал како… градење мост помеѓу реалноста и соништата.

7. Ме нервира кога… луѓе мислат дека треба да се преправаат дека се скромни.

8. Среќен сум кога… ќе се потсетам дека го живеам и работам она што го сакам најмногу.

9. Талент што би сакал да го поседувам е… да искачувам добро карпи.

10. Мојот најголем страв … се луѓето што викаат „викај ура”.

11. Веднаш би се преселил во… Остин, Тексас

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… дека секој е токму таму каде што треба да биде, без никакви изговори и оправдувања.

13. Љубов е… темелот на успехот и среќата.

14. Тајна што никој не ја знае… имам вишок мртовечки ковчег во подрум. Немам оправдување.

15. Во „Убавина и здравје“ повеќе би сакал да читам за… уметност и наука.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

РЕНАТА МЛАДЕНОВСКА: „Ме нервира кога не ми го почитуваат времето“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.