Мусака по традиционален рецепт: Врвен вкус од кој никогаш доста! (ВИДЕО)

Рецепт

Доколку се прашувате што да направите за ручек, со мусаката не можете да згрешите.

Потребно е:

300гр мелено месо

50гр сува сланина

1 главица кромид

4 чешниња лук

600кр компир

Слатка црвена мелена пиперка

Мелен бибер, масло и сол

3 јајца

200гр кисела павлака

200мл млеко

Подготовка:

Исецкајте го лукот и сланината на коцки, па пропржете. Додадете месо, па пропржете уште 15 минути. Додајте пиперка, бибер, лук и зачин или сол.

Тепсијата подмачкајте ја, па половина од компирот во облик на круг редете го во плехот. Ставете го месото, па покријте со остатокот од компирот.

Заматете ги јајцата со павлаката, додајте го млекото и прелијте. По желба можете одозгора да додадете рендан кашкавал или листови сланина.

Печете на 200 степени околу 50 минути да порумени. Служете топло.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.