Лажна пица од тиквички: Неодоливо вкусен, а нискокалоричен оброк!

Брзо, здраво и вкусно

Овој рецепт ветува полн вкус со многу малку калории

Од тиквички можете да направите лажна пица, со која ќе заштедите калории, а неодоливо потсетува на вистински италијански оброк.

Состојки:
  • 2 поголеми тиквички
  • дланка рендан кашкавал
  • половина шолја интегрално брашно
  • шунка
  • кечап
  • сол
  • оригано
  • мајчина душичка
Приготвување:

Изрендајте ги тиквичките и посолете ги, а потоа оставете ги десет минути. Кога ќе отстојат, ставете ги во крпа и добро исцедете ја сета вода.

Измешајте ги со јајца и рендан кашкавал. Додајте интегрално, зобено или бадемово брашно. На две тиквички, ќе ви треба половина шолја брашно.

Ако тестото ви е премногу ретко, згуснете го со чиа-семки, но пред да ги додадете, оставете ги десетина минути во вода.

Налејте ја смесата на хартија за печење и ставете ја во рерна, па по 15 минути извадете ја. Додајте шунка, кашкавал, кечап или премаз по желба и потпечете ја уште неколку минути.

Посолете ја и зачинете ја со оригано и мајчина душица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.