Турски пудинг казандиби: Десерт што цел континент го обожава, и тоа со причина!

Како мека, слатка снегулка

Овој десерт мора да го пробате!

Еден од омилените турски десерти, пудингот казандиби, потекнува од менито на старите Римјани, од нив го презеле Византијците, а потоа и Турците. И додека рецептот во Европа сосема се изгубил, од османлискиот двор, каде што најпрво се приготвувал, се проширил низ народот и станал класичен турски десерт, што го обожава цела Азија! За казандиби (дно на казан) не ви требаат скапи намирници, туку внимание и трпение!

Состојки:
  • 1 литар млеко
  • 3 лажици оризово брашно (може и пченично)
  • 3 лажици пченкарен скроб (густин)
  • 1 чаша ситен шеќер
  • 50 грама путер или маргарин
  • 1 жолчка
  • половина чаша шеќер во прав
  • малку путер за подмачкување на тавчето
  • малку кокосово брашно или мелени ф’стаци за украсување
Приготвување:

Во млекото додајте ситен шеќер и ставете го на шпорет да зоврие. За тоа време, матете брашно, скроб и жолчка со малку вода, па постепено, со постојано мешање, додавајте го и зовриеното млеко. Намалете ја температурата и загревајте додека не се згусне. На крај, додајте путер и кога тој ќе се стопи, кратко со миксер изматете воздушест крем.

Поголемо тавче добро подмачкајте со путер и наросете го со шеќер во прав, а одозгора сипете го врелиот крем. Тавчето ставете го на вклучена рингла за да се карамелизира шеќерот, а доколку тавчето е поголемо од ринглата, вртете го така што ќе се загрее секаде.

Кога карамелизацијата е завршена, ставете го тавчето во поголем плех, па во плехот внимателно сипете ладна вода за да се излади брзо и за да се одвои смесата од садот. Оладениот десерт ставете го во фрижидер на еден-два часа, потоа со остар нож иселете го на широки ленти, подигнете ги со шпатула и превртете ги. Готовиот десерт украсете го со кокосово брашно или мелени ф’стаци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.