Како Грците ги похуваат тиквичките: Не постои побрз и подобар трик од овој!

Пробајте!

Похуваните тиквички на грчки начин се совршениот летен ручек

Состојки:
  • 3-4 тиквички

За панирање:

  • 200-250 г брашно
  • сол, сув зачин, црвен пипер, бибер, оригано
  • 4-5 јајца
  • масло за пржење

За преливот:

  • 1 врзоп магдонос или мирудија
  • 4-5 чешниња лук
  • бибер
  • оцет балзамико по ваш вкус или некој друг оцет
Приготвување:

Тајната е во сечкањето на тиквичките. Имено, тиквичките се засекуваат сè до дршката, за да можете од нив да направите лепеза.

Потоа, се валаат во смесата за панирање од брашно, јајца и зачини. Така изваланите тиквичките се ставаат во масло за пржење додека заруменат. Со нив се послужува и прелив од ситно сечкан магдонос или мирудија, лук и јаболков оцет. Уживајте!

Идеален летен ручек: Правиме похувани тиквички на два начина (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.