Анџелина Џоли го исмејува Бред Пит: Поради она што го кажа, се тресе Холивуд! (ФОТО)

Остра на јазик...

Анџелина Џоли и Бред Пит не престануваат јавно да водат војна, а последна во низата е поради винаријата „Миравал“ во Франција.

Вредноста на овој имот се проценува на 160 милиони долари, а уште додека биле во брак, се договориле дека никој од нив нема да го продаде делот без дозвола на другиот. Меѓутоа, Анџелина не го испочитувала тоа.

Адвокатите на Пит тврдат дека Џоли тајно го продала својот дел уште во 2021 година, односно кога започнаа проблемите помеѓу нив за старателството над децата.

Бред Пит изјавил дека е „фармер“ уште од 2014 година, односно дека обожава да учи за земјата, сортата на грозје и се што е поврзано со призводство на вино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Во новите документи кои сега  Анџелина ги предала на судот, таа го исмејувала својот поранешен партнер поради таа изјава, т.е. дека тој е посветен повеќе на филмовите, односно глуми, отколку дека е по виното.

„Тој е актер, а не винар. Во годините додека ја градеше винаријата, сними и десетина филмови, а да не збориме за бројните луксузни патувања ширум светот, премиерите и холивудските забави“ – пишувало во документите, па додала дека актерот само ја посетувал винаријата и се гордеел на луѓето кои ја создадоа.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе