Рецепт на денот: Ајмокац со спанаќ – јадење што го обожаваат и децата

Превкусно!

Едно старо, денес малку заборавено јадење, кое лесно се пориготвува, а ќе ве воодушеви вкусот на варено пилешко месо во кремаст сос…

Состојки:
600 г пилешко бело месо
1 врска зеленило (комплет) за супа
300 мл бистра пилешка супа
2 лажици брашно
200 мл млеко
1 помал лимон
2 чешниња лук
3 грста спанаќ
2 лажици масло
сол и бибер по вкус

Приготвување: 

Ставете го месото да се вари. Кога ќе зоврие, додајте го зеленилото и варете додека омекне месото. Зачинете по вкус.

Извадете го месото и исечкајте го. На загреано масло кратко пропржете го ситно сечканиот лук, додајте го спанаќот, а кога ќе овене, додајте го брашното. Пропржете кратко и прелијте со супата и млекото. Додајте сок од лимон и варете десет минути. Послужете со варени тестенини, ориз или пире од компири.

Текст: Добра храна

Фото: РАС

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.