Враќање во детството: Гриз-колач со јагоди

Пробајте го!

Овој вкусен колач од гриз со јагоди ќе ве врати во детството. Лесно се прави, а уште полесно ќе уживате во секој залак.

Состојки:
КОРА:
1 л млеко
200 г гриз
100 г шеќер
3 лажици какао
100 г чоколадо
ФИЛ:
2 пудинга од ванила
500 мл млеко
100 г шеќер
250 мл слатка павлака
300 г јагоди

Приготвување:

Помешајте ги гризот, шеќерот и какаото, па кога млекото ќе зоврие, додајте ја смесата. Со постојано мешање, варете го гризот на средна температура. Тргнете го од оган, додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека се растопи.

Намокрете со вода тава за печење од 20 x 35 см, потоа прелијте ја смесата од гриз и оставете да се излади. Смесата можете да ја истурите и во калапи за мафини во кои сте ставиле хартиени корпи.

Ставете околу 300 мл млеко за фил да се загрее на оган.Пудингот и шеќерот помешајте ги со остатокот од млекото, па кога млекото ќе зоврие, истурете го пудингот и сварете го филот. Оставете го да се излади. Посебно изматете ја слатката павлака.

Изладениот пудинг лесно изматете го со миксер, па додајте ја павлаката и се’ убаво соединете. Сечканите јагоди замешајте ги во филот, па нанесете го врз изладениот гриз и декорирајте по желба.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.