Грчки колач од 4 јајца и 4 портокали: Не сте пробале посочен десерт во животот!

Вкусот е фантазија!

Грчкиот колач со портокали е толку сочен и вкусен што ќе мора да го приготвите овој викенд

Состојки:
  • 4 јајца
  • 20 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 20 лажици млеко (околу 180 мл)
  • 14 лажици масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 20 лажици брашно
  • 2-3 портокала
  • 200 мл вода
  • 5-6 лажици џем од кајсија
  • 200 г шеќер
  • 125 г пишкоти

За глазурата:

  • 200 г чоколадо
  • 150 мл слатка павлака
Приготвување:

Изматете четири белки без шеќер, а потоа додајте ванилин и кристален шеќер, па продолжете да матите. Во изматените белки додајте ги жолчките, а потоа и млекото и маслото. Изматете го сето тоа, па додајте прашок за печиво и брашно. Измешајте го сето тоа, па печете го на 180 степени Целзиусови околу 25 минути. Кога кората ќе се испече, поделете ја на два дела.

Изрендајте 4 измиени и оладени портокали. Додајте шеќер, џем од кајсија и вода, па сето тоа промешајте го и ставете го на рингла за да се растопи шеќерот и да се соедини смесата.

Еден дел од кората издробете го во поголема чинија, па додајте му здробено (помало) пакување пишкоти и сето тоа прелејте го со филот од портокали.

Добиениот фил прелејте го преку колачот, а кога ќе се стегне, прелејте и со растопено чоколадо.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.