За неколку минути направете крем сладолед од авокадо

Иако при помислата на авокадо првото нешто што ни паѓа на ум е гвакамоле, тоа не е единственото јадење што можете да го направите од ова овошје.

Од само неколку состојки, можете да направите сладолед од авокадо кој нема да биде полн со шеќер, вештачки бои и нездрави масти. Здравите масти што ги содржи авокадото ќе му дадат кремаста текстура, додека истовремено ќе има корисен ефект врз холестеролот и нема да ги блокира вашите крвни садови, а една порција е 140 калории, но без нездрави масти, шеќер или бои за разлика од повеќето купени сладоледи. Бидејќи авокадото е овошје кое нема сладост, бананите се природен засладувач што ќе додадат вкус на вашиот сладолед. Секако, можете да додадете и урми, по вкус или некое друго овошје што дополнително ќе го подобри вкусот. Погледнете го овој брз и лесен рецепт за вкусен сладолед.

Прочитајте и: Најдобриот сендвич на светот: Мора да го пробате овој португалски специјалитет!

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.