Волшебен зимски десерт: Меки мафини со тиква и со зачини што ќе ви го освојат срцето!

Превкусни!

Пригответе меки мафини по рецепт на Ангела-Александра Ивановиќ

Кој може да им одолее на овие волшебни мафини? Вкусните специјалитети на Ангела-Александра Ивановиќ секогаш нè оставаат без зборови – побарајте ги нејзините рецепти на Инстаграм @annies.food.feed.

Состојки:
  • 200 г брашно
  • 150 г шеќер
  • 180 г пире од печена тиква
  • 2 јајца
  • 60 г кисело млеко
  • 85 г стопен путер
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • ½ лажиче сода бикарбона
  • ½ лажиче сол
  • 1 лажица мешавина од зачини (цимет, ѓумбир, мелено каранфилче и мускатно оревче)
  • 1 лажица екстракт од ванила

Состојки за крцкава кора:

  • 35 г брашно
  • 50 г кафен шеќер
  • 1 лажиче цимет
  • прстофат сол
  • 60 г стопен путер

 

Приготвување:

1. Во длабок сад прво измешајте го брашното со зачините, солта, шеќерот, прашокот за печиво и содата. Потоа додајте ги пирето од тиква, јајцата, киселото млеко, путерот и ванилата. Мешајте добро додека се соединат состојките.

2. Во друг помал сад ставете ги состојките за кората и мешајте за да добиете ронлива, грутчеста смеса.

3. Во тава за 12 мафини наредете хартиени кошнички за печење и наполнете го секој калап еднакво со смесата.

4. Одозгора додајте по 1-2 лажичиња од смесата за кора.

5. Печете во загреана рерна на 175˚Ц околу 25 минути, додека заруменат. Уживајте во овие неодоливи зимски мафини!

Извор: Добра храна

Слаткарски трикови: Научете како се приготвува францускиот деликатес суфле!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.