Свилен колач со јаболка: Божествен десерт што сите ќе го засакате!

Мора да го пробате

Овој рецепт е одлична идеја за да ја засладите неделата

Состојки:

За бисквитот:

  • 100 г омекнат путер или маргарин
  • 3 лажици шеќер
  • 4 жолчки
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лажица кисела павлака
  • 200 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 дл топла вода

За овошниот слој:

  • 1 кг јаболка
  • 4 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер

За горниот слој:

  • 4 белки
  • 6 лажици шеќер во прав
Приготвување:
  • Вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  • Омекнатиот путер изматете го со шеќер во прав, постепено додавајќи жолчки, а потоа и преостанатите состојки, непрестајно матејќи со миксер.
  • Плех со димензии 20х30 цм премачкајте со путер, посипете со брашно и сипете ја изматената смеса.
  • Печете во рерна 10 минути.
  • За овошниот слој, излупете и изрендајте јаболка, додајте шеќер, ванилин шеќер и продинстајте колку да омекнат јаболката и да пуштат сок.
  • За горниот слој, изматете ги белките со шеќер во цврст снег.
  • Извадете го плехот до рерна, врз полупечениот бисквит ставете ги динстаните јаболка, со сокот што го пуштиле, па рамномерно распоредете ги.
  • Вратете го плехот во рерна, намалете ја температурата на 150 степени Целзиусови и печете уште околу 30 минути.
Домашен колач со капини и со малини: Лесни летни залачиња кои ќе ве маѓепсаат со својот вкус!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.