Домашен колач со капини и со малини: Лесни летни залачиња кои ќе ве маѓепсаат со својот вкус!

Неодоливо сочен

Домашен сочен колач со зрнесто овошје кому нема да можете да му одолеете

Состојки за 8 порции:
  • 8 лажици путер
  • 3 шолји капини
  • 1 шолја малини
  • рендана кора од лимон, измешана со 2 лажици шеќер
  • 1 шолја брашно
  • 3/4 шолји шеќер
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1/4 лажиче сол
  • 3/4 шолја млеко
  • шлаг-крем, за послужување
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Стопете го путерот во сад за печење, а потоа тргнете го од оган. Измешајте ги капините и малините со зашеќерениот лимон и распоредете ги по дното на тепсијата. Оставете ги кратко во рерна да омекнат. Додајте малку вода ако изгледаат премногу суво.

Во сад помешајте брашно, шеќер, прашок за печиво и сол. Потоа, додајте млеко. Добиената смеса прелејте ја врз овошјето. По желби, повлечете со лажица низ тестото за да направите шара. Печете го во рерна додека добие златножолтеникава боја, околу 20 минути.

Задолжително оставете го да се олади најмалку 30 минути пред послужување.

Сокот што ви преостанал од овошјето искористете го за да го прелиете колачот. Доколку сакате, украсете го колачот со приготвениот шлаг-крем.

Добар апетит!

Десерт од нашите баби: Најсочниот колач со кајсии кој ќе ве врати во детството!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.