Совршено слатко од смокви: За еден час ќе имате 5 тегли за зимница, а вкусот потсетува на Медитеранот

Можете да го приготвите и ако живеете во стан

Одличен рецепт и за неискусните домаќинки

За еден час ќе имате 5 теглички слатко од смокви за зимница, само следете го рецептот во продолжение.

Состојки:
  • 2 кг смокви
  • 1 л вода
  • 3 кг шеќер
  • 1 лимон
Приготвување:

Убаво измијте ги смоквите, исчистете ги од петелките, па секоја смоква прободете ја со чепкалка.

Во поголемо тенџере ставете вода и шеќер, измешајте, па ставете го на рингла за да сварите шербет. Измијте еден лимон, па исечкајте го на тенки кругови и додајте го во водата. Кога водата ќе зоврие, додајте ги смоквите. Оставете ги да се варат околу половина час, може и повеќе.

Кога ќе добиете убав сируп, а смоквите ќе станат златни, исклучете ја ринглата, тргнете ги смоквите од оган и префрлете ги во стерилизирани тегли.

Затворете ги со соодветни капаци, па завиткајте ги теглите во крпи и оставете ги природно да се оладат до утредента. Уживајте во вкусното слатко од смокви!

Најубавиот џем од смокви се приготвува за само 90 минути: Полн со витамини и минерали
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.