Целиот свет им се превртел наопаку: Родители се шегувале со синот и направиле ДНК-тест, но набрзо зажалиле поради тоа!

Неверојатно

Кога пристигнале резултатите од тестот, не можеле да им поверуваат на своите очи

Родители од Јута во Америка одлучиле да се забавуваат со својот најмал син и да купат комплет за тестирање ДНК. Но Дона и Ванер Џонсон не ни претпоставувале дека ќе се случи нешто што ќе им го преврти целиот свет наопаку.

Кога еден месец подоцна пристигнале резултатите од тестот, тие зажалиле што воопшто им дошла ваква идеја на памет. Имено, тие дознале дека нивниот тогаш 12-годишен син, кој бил зачнат на клиника за вонтелесно оплодување, не е биолошко дете на Ванер.

Излегло дека дошло до техничка грешка на клиниката и дека јајце клетката на Дона била оплодена со сперма од непознат донатор.

Во разговор за една американска телевизија, Ванер рекол дека сè му било јасно кога почнал да ги чита резултатите од тестот.

„Кога ги погледнав резултатите од тестот, го видов името на мојата жена под именката ‘мајка’, а под ‘татко’ пишуваше ‘непознато’ и си помислив: ‘како мислите непознат татко, јас сум му татко’“, изјавил тој.


По неуспешните обиди да добијат дете по природен пат, Ванер и неговата сопруга Дона се одлучиле за вештачко оплодување во 2007 година.

Резултатите од тестот покажале дека нивниот постар син, всушност, му е полубрат на помалиот и тогаш сфатиле дека нешто не е во ред. Се утврдило дека јајце-клетката на Дона во процесот на вештачко оплодување, случајно била оплодена од друг донатор.

„Сфаќате дека постои можност да се случи такво нешто, но никогаш не ви паѓа на памет дека тоа може да ви се случи вам. По откритието, имавме еден куп различни емоции низ кои моравме заедно да поминеме, но љубовта кон нашиот син никогаш не се промени“, изјавиле родителите.


Оваа несекојдневна ситуација му ја објасниле на синот дури по една година, кога одлучиле да го побараат неговиот биолошки татко. Откако успешно го пронашле, Ванер му се јавил и му ја раскажал целата вистина, а тоа за него било „најлудиот разговор во животот“.

Излегло дека биолошкиот татко на момчето, дошол на клиниката со својата партнерка истиот ден како и тие.

И двете двојки одлучиле да поднесат тужба против клиниката за вонтелесно оплодување поради оваа непоправлива грешка.

„Тоа што го поминуваме моментално е неверојатно. Мислевме дека поради целата ситуација и сето тоа што претходно го поминавме поради нивната непрофесионалност, ќе имаат повеќе обѕир при комуникацијата со нас, но ситуацијата воопшто не е таква“, рекол Ванер, мислејќи на спорната клиника и нејзините работници.

Погледнете ја целата нивна исповед во видеото во продолжение…

Свекрва побарала ДНК-анализа за внукот, па жестоко зажалила: Кога пристигнале резултатите, сите се шокирале!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.