Слатко разладување: Веганска торта со сладолед

Уживајте во ова сочно, ладно задоволство.

Оваа веганска торта со сладолед е сочно, меко, чоколадно задоволство, без јајца и млечни производи. Тоа неверојатно лесно се прави, и ќе ги воодушеви сите!

Што повеќе потсетува на летото од сладоледот? И комбинацијата на овој кремаст третман и торта е дефинитивно полн погодок за сите гурмани! Ви претставуваме рецепт за ова освежувачко кремасто задоволство.

Веганска торта со сладолед

Состојки:

  • 3 чаши брашно (ако сте алергични на глутен, изберете онакво без глутен)
  • 2 чаши кафеав шеќер (може и кокосов шеќер)
  • 1/2 какао во прав
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици бел оцет (може да биде и јаболков оцет)
  • 2/3 чаша неутрално растително масло
  • 2 чаши вода
  • 1/4 чоколаден сируп
  • 6 чаши вегански сладолед од ванила

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тавата и оставете ја настрана.
  2. Измешајте ги сите суви состојки во сад. Додадете ги влажните и мешајте додека не добиете густа смеса.
  3. Раширете рамномерно на плехот за печење.
  4. Печете 30 минути, а потоа извадете ја кората од рерната и оставете да се излади.
  5. Извадете го сладоледот од фрижидерот и оставете го да се стопи на собна температура 30 минути.
  6. Кога кората целосно ќе се излади, намачкајте го сладоледот преку неа и ставете го во замрзнувач шест часа.
  7. Истурете го чоколадниот сируп и вратете го во замрзнувач половина час.

Прочитајте и: Необичен појадок: Слатки печени компири со кокос и боровинки

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.