Путерни колачиња со црно чоколадо: Одлично одат со кафе!

Гастро-мајстори

Овие вкусни колачиња ни ги приготви Наталија Деспотовски

Овие колачиња на Наталија Деспотовски ќе бидат одличен додаток на вашето попладневно кафе. Ако барате уште инспирација за готвење, посетете го нејзиниот инстаграм-профил @natalicooking.

Состојки:
  • 180 г брашно
  • 115 г путер
  • 105 г кафен шеќер
  • 85 г бел шеќер
  • 1 јајце
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 200 г црно чоколадо
  • 1/2 лажиче рум (по желба)
Приготвување:

1. Во голем сад ставете го целото брашно заедно со кафениот шеќер, белиот шеќер, печивото и солта. Добро промешајте и потоа додајте го путерот. Многу е важно путерот да биде на собна температура околу час и половина пред да го користите.

2. Добро промешајте и кога смесата ќе се соедини, додајте ги јајцето, румот и екстрактот од ванила. Во вака приготвената смеса се додава чоколадото, исечкано на парчиња.

3. Приготвеното тесто оставете го во садот и покријте го со фолија. Оставете го во фрижидер околу 30 минути.

4. Во меѓувреме, на тава за печење ставете хартија и вклучете ја рерната на 190˚Ц.

5. Кога ќе го извадите тестото од фрижидерот, добро измесете го и направете 20 топчиња, кои при ставањето во тавата нежно ќе ги притиснете одозгора.

6. Ставете ги да се печат, на поголемо растојание, бидејќи ќе нараснат. Ќе им требаат само 12 минути, па затоа внимавајте на времето. Ќе добиете колачиња со крцкави крајчиња и мека текстура во средината.

7. Оставете ги неколку минути да се оладат пред да ги сервирате.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.