Полнети кошнички

Неодоливи слатки

Пригответе убави домашни слатки со кои ќе го изненадите и израдувате своето драго семејство.

Состојки:

  • 150 г мелен кекс
  • 150 г мелени ореви
  • 150 г путер
  • 20 г чоколадо + 20 г за натопување на обландата
  • 1 белка
  • 100 г шеќер во прав
  • 70 г костен-пире
  • 1 лист обланда
  • 50 г шеќер
  • масло за премачкување на калапот
  • 50 г бело чоколадо

Приготвување:

1 Во чинија се соединуваат мелените ореви, кексот и шеќерот во прав.

2 Се додаваат белката, стопениот путер и 20 г стопено чоколадо, па добро се меша за да се добие воедначена смеса. Се остава во фрижидер да отстои 30 минути.

Од костен-пирето се обликуваат помали топчиња.

3 Се подготвува калапот за цедење цитруси, се одвртува, па внатрешноста се намрсува и се посипува со шеќер.

4 Се зема по малку од смесата од кекс и со неа се обложува внатрешноста на калапот. Се става по едно топче од костен и се прекрива со смесата од кекс. Kалапот се отвора и се удира од масата, за да испадне куполата. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат уште кошнички.

5 Обландата се сече на помали кругови, чиј пречник мора да одговара на ширината на долниот дел од кошничките.

6 Kруговите од обланда се попрскуваат со растопеното чоколадо, па на секој се поставува по една кошничка.

7 Белото чоколадо се растопува на пареа и со него се декорираат кошничките.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.