Трик на Џејми Оливер за најдобро печено пиле: Крцкава коричка, а сочно месо! (ВИДЕО)

Тајната е во ова

Послушајте ги советите на славниот готвач и уживајте во фантастичниот вкус на пилешкото месо

Славниот готвач Џејми Оливер редовно споделува кулинарски совети за приготвување разни јадења и ги открива триковите со помош на кои постигнува совршенство на вкусови.

Овој пат, покажал како да приготвите совршено печено пиле.

  • Исечете го свежото пиле до коските на три дела, во пределот на батаците, за добро да се испече месото.
  • Внимателно вовлечете ги рацете под кожата во пределот на белото месо, па овој простор наполнете го со мешавина од зачини, составена од ситно сечкан свеж магдонос, босилек и оригано, потоа посолете го, зачинете со бибер и додајте малку маслиново масло.
  • Под кожичката ставете и неколку парчиња путер кои на месото ќе му дадат сочен вкус, но и ќе го заштитат белото месо од сушење за време на термичката обработка.
  • Во внатрешноста на пилето ставете загреан лимон кој ќе му даде свежина и дополнително ќе го подобри вкусот на вашето јадење.
  • Пред да го ставите пилето во загреана рерна на 220 степени Целзиусови околу еден час, врзете го со мрежичка за печење месо.

Погледнете го видеото за подетални инструкции и пригответе вкусен ручек…

Засладете го ручекот: Оваа пита по рецепт на Џејми Оливер е вистинска фантазија од вкусови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.