Неверојатно вкусен и освежителен: Пробајте ролат со ананас и со јогурт!

Одличен десерт

Нема повкусен десерт од овој ролат со ананас

Состојки:

За кората:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1/2 прашок за печиво

За филот:

  • 200 г сечкан ананас
  • 75 г шеќер во прав
  • 200 мл слатка павлака
  • 300 мл густ јогурт
  • 10 г желатин

Приготвување:

1. Прво се приготвува кората. Белките се одвојуваат од жолчките, па се матат во цврст снег, додавајќи шеќер. Се додаваат жолчките, една по една, со непрекинато матење. Посебно се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и прашокот за печиво, па се додаваат во смесата.

2. Плех со димензии 30 х 35 см се обложува со хартија за печење, па се става приготвената смеса.

3. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 7 минути, додека зарумени. Готовата кора сосе хартијата за печење се префрла на кујнска крпа, па се витка во ролат и се остава да се олади.

4. За приготвување на филот, желатинот се прелева со 3 лажици вода и се остава да набабри. Ананасот се сечка на коцки. Слатката павлака се мати во шлаг, па се додаваат шеќерот во прав и јогуртот и се миксира. Приготвениот желатин се топи на умерена температура, па се додава во филот.

5. Оладената кора се премачкува со 2/3 од филот и одгоре се распоредува ананасот. Се витка во ролат, па се декорира со преостанатиот фил и се остава во фрижидер да се зацврсти.

Извор: Добра храна

Изненадете ги вашите домашни со вкусен и освежителен ролат со малини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.